Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потпишан трилатерален меморандум за соработка во справување со криминалот поврзан со огнено оружје
Македонија

Потпишан трилатерален меморандум за соработка во справување со криминалот поврзан со огнено оружје

17/11/2023

AA

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и Царинската управа денеска потпишаа Меморандум меѓу трите институции за соработка во областа на справувањето со криминалот поврзан со огнено оружје.

Меморандумот се потпишува во рамките и со поддршка на Глобалната програма против огнено оружје на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). Целта на Меморандумот е поефикасна координација и унапредување на меѓусебната соработка во областа на сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, трговијата со огнено оружје и борбата со кривичните дела и прекршоците поврзани со огнено оружје, особено мало и лесно оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви.

Во своето излагање при потпишувањето, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се осврна и на последните измени на Кривичниот законик кои ги опфатија и попрецизно ги регулираа овие кривични дела, овозможувајќи поефикасен кривичен прогон на сторителите.

“Сепак, ниту светот, па ниту нашата држава и регион не се ослободени од последиците од кривични дела извршени со огнено оружје, но уште повеќе е евидентно дека животи се губат од огнено оружје и при неконфликтни настани. Криминалот поврзан со огнено оружје претставува општествена закана против која е потребен и соодветен одговор на органите на прогонот во однос на превенција, истрага и гонење на кривичните дела“, рече Јовески.

Меморандумот предвидува поефикасна соработка при спроведување на заеднички истраги во областа на сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција и давање на меѓусебна помош при откривање и документирање на случаи на илегално поседување, чување, производство, пренос и трговија со огнено оружје, а ја олеснува и меѓуинституционалната размена на информации. Исто така, предвидени се заеднички обуки и едукации, формирање на заеднички работни групи во оваа област, взаемна стручна и техничка помош и зголемување на превентивното постапување со цел јакнење на свеста кај граѓаните, насочено кон препознавање на кривичните дела и прекршоците поврзани со огненото оружје, пријавување на користење на огнено оружје при прослави, и поттикнување за пријавување на пронајдено или изгубено огнено оружје.

“Повикувајќи се на практиката, искуствата и аналитичките согледувања, без никакво претерување можеме да констатираме дека еден од клучните фактори што бездруго ги зголемува предизвиците по јавната безбедност, покрај организираниот транснационален криминал, е токму нелегалната трговија со оружје. Општопознато е дека достапноста, а со тоа и незаконската употреба на оружјето ја поткопува правдата, ја зголемува стапката на криминалот и ризиците од насилство, а со тоа има свое влијание и на стабилноста на државите, претставувајќи пречка и за нивниот социјален и економски развој”, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Заради ефикасно остварување на утврдените активности, потписниците ќе ја координираат меѓусебната соработка преку Меѓуресорска работна група за координација на борбата против криминалот поврзан со огнено оружје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy