![Потона брод во Авганистан, извлечени пет тела, по останатите се трага](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/06/avganistan.webp-850x560.webp)
Потона брод во Авганистан, извлечени пет тела, по останатите се трага
Се сомневаат дека најмалку 20 лица загинале кога брод со 25 лица потонал во источен Авганистан, соопштија локалните власти. Бродот потонал додека ја минувал реката во областа Мохманд Дара, а пет лица биле спасени, пренесува АП. Досега се извлечени пет тела, се наведува во соопштението на локалните медицински служби.