Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПОТКОПУВАЊЕ НА АВТОКРАТИЈАТА ВО СРБИЈА“: Германските медиуми со оценка на студентските протести
Регион

„ПОТКОПУВАЊЕ НА АВТОКРАТИЈАТА ВО СРБИЈА“: Германските медиуми со оценка на студентските протести

03/02/2025

AA

Во текот на
викендот, бројни германски медиуми објавија за протестите и блокадите на
мостовите во Нови Сад. Агенцијата КНА објави дека поп иконата Мадона ги
поддржува и српските студенти, додека јавниот сервис РББ пишуваше за собири на
солидарност кои се одржале и во Берлин, пренесува Дојче веле.

Поопширни анализи
и коментари може да се најдат и во печатот. Под наслов Поткопување на
автократијата, Берлинскиот Tageszeintung објавува коментар во кој се наведува дека студентите и пошироката јавност
од општеството се кренале против властите во Србија, а не само во големите
градови. „Александар Вучиќ веќе не може да го мобилизира својот народ како
порано. Аргументот дека протестите се менаџираат од странство веќе не
функционира“, пишува левичарскиот весник.

„Берлин и Европа се подготвени да го поддржат
Вучиќ“

Се наведува дека
луѓето во Србија не можат да сметаат на поддршка однадвор, во време кога
либералните демократии се во дефанзива, додека Вучиќ може да смета на
поддршката од автократи како Орбан и Путин. „Балканската политика на Европа и
Германија останува сомнителна. Берлин и Европа се подготвени да го поддржат
Вучиќ“, пишува весникот, додавајќи дека во Србија се гледа фактор на
стабилност, иако Србија под автократска контрола не може да биде.

Весникот „Rheinische Post  “ пишува дека под впечатокот за можното враќање на Доналд Трамп во Белата
куќа, едвај се забележува дека има и спротивен тренд – луѓето се креваат против
автократите, на пример во Србија, Словачка и Унгарија. Примерот на Србија, се
наведува, ги покажува „погубните последици од укинувањето на поделбата на
власта во една авторитарна и корумпирана партиска држава“.

„Се повеќе Срби го надминуваат стравот“

Дописникот на
весникот од Белград потсетува дека трошоците за реновирање на железничката
станица во Нови Сад „пораснале“ од 3,5 на 16 милиони евра и дека е свечено
отворена – без употребна дозвола. А потоа се урна настрешницата, што предизвика
протести. Беспомошно изгледаат обидите на Вучиќ да ги смири гневните сограѓани
со коктел од закани и отстапки“, пишува весникот.

„Охрабрени од
протестите, сè повеќе Срби го надминуваат стравот од репресија од страна на
автократскиот режим или губење на работата. Дури и државните службеници кои се
угнетувани со години, како што се судиите, наставниците и новинарите од
државната телевизија РТС, која е контролирани од СНС, се солидаризираат со
протестите“.

„Се чини дека ова е почеток на крајот“

Во текстот се
заклучува дека Вучиќ и СНС нема „доброволно да се откажат од златната кокошка“,
но се чини дека ова е почеток на крајот на автократскиот режим.

„Франкфуртер
алгемајне цајтунг“ се осврна и на ова прашање – каде водат протестите – во
неделното издание. Весникот пишува дека многумина ги полагаат надежите на овие
протести токму затоа што, за разлика од претходните, не ги води непопуларната
опозиција.

„Тоа во моментов
не е можно со студентите. Движењето се заснова на собири по принципот на
директна демократија. Меѓутоа, некои набљудувачи забележуваат дека моменталната
сила на движењето може да стане негова најголема слабост на долг рок.

А германскиот
неделник Der Spiegel објави
кратко интервју со Ведран Џихиќ од австрискиот институт за меѓународна
политика, кој исто така посочува дека она што е ново е што студентите не
дозволуваат опозицијата да ги преземе протестите, туку дека клучното прашање е
нешто друго:

„Режимот негува
наратив кој е мешавина од закани, ветувања за мир, национален патос и
предупредувања за криминалната опозиција. Сè уште има луѓе кои ги прифаќаат
овие пораки. Само владејачката СНС има 800.000 членови, а речиси во сите општини
има апсолутна контрола Клучното прашање е до кој степен „Режимот е подготвен да
употреби насилство“, вели Џихиќ.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy