Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потерница по битолчанец кој својата партнерка ја држел затворена во Нижеполе и ја тепал
Магазин

Потерница по битолчанец кој својата партнерка ја држел затворена во Нижеполе и ја тепал

04/02/2025

AA

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за противправно лишување од слобода, како и телесна повреда на својата поранешна партнерка.

– Јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава, соопштија од ОЈО Битола.

Јавноста претходно беше запознаена дека на 21 октомври 2024 година обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Со поднесеното обвинение сега Обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот, соопштија од ОЈО Битола. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата

17/02/2026
Македонија

Тешко повреден 18-годишен пешак во Пробиштип

17/02/2026
Македонија

Владата ги прифати измените во градежниот сектор: Оптичките кабли и

17/02/2026
Македонија

ПОДЗЕМНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЌЕ СЕ ВПИШЕ ВО КАТАСТАР Ќе се регулира

17/02/2026
Македонија

Советот го отстрани Панчевски од трката за државен јавен обвинител

17/02/2026
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026
Македонија

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

17/02/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата од 600 евра или генерален

17/02/2026

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со протест пред Владата, упатувајќи јасен ултиматум: доколку до

Тешко повреден 18-годишен пешак во Пробиштип

17/02/2026

На 16.02.2026 во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со

Владата ги прифати измените во градежниот сектор: Оптичките кабли и гасоводите ќе се впишуваат во

17/02/2026

На предлог на Министерството за транспорт, Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy