
Посвежо утро, преку ден топло со температури до 25 степени
ЕВРОПА – Во недела во југозападна, западна и северозападна Европа како и во северните предели ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. На југ од Скандинавија со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и релативно топло време за овој период од годината.
БАЛКАН – На Балканскиот полуостров претежно сончево време со појава на локална облачност и невообичаено топло време за овој период од месец октомври. Услови за слаб дожд се очекуваат во Словенија. Максималните дневни температури ќе се движат од 18 до 25 степени.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во недела по свежото утро со пад на утринските температури коишто ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат од 14 до 25 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во понеделник по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со дневни температури кои што се над повеќегодишниот просек и ќе достигнат од 13 до 24 степени. Во вторник и среда умерено облачно време со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 3 до 11 односно од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат од 12 до 23 односно од 14 до 25 степени. Во Македонија во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и посвежо време со пад на дневните температури. Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури од 10 до 21 степени.
