
Постојните корисници на ученички и студентски стипендии со активни договори, ќе добиваат зголемени месечни износи
На иницијатива на Министерството за образование и наука, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право изминатите години и имаат активни договори, од годинава ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот што го добиваат новите стипендисти.
Од МОН информираат дека за да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, потребно е до Министерството за образование и наука да се достави пополнет и потпишан анекс на договорот за соодветната стипендија, што можат да го симнат од следниот линк.
Анексот треба да се достави во три примероци, во писарницата на Министерството или преку пошта (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје), најдоцна до 17 март.
– Зголемување на финансиската поддршка за учениците и студентите, го олеснува процесот на образование и го насочува фокусот кон неговата суштина – стекнување на соодветни знаења и вештини, се наведува во соопштението од МОН.