
Постојано има огласи – ова е многу барана професија во Хрватска
Во Хрватска една од најбараните професии е гробар, а платата е до 1.060 еврa. Се нудат и бонуси за вработените.
Комуналните претпријатија постојано објавуваат огласи и не можат да најдат работна сила. Вработувањето е на неопределено време. Не бараат завршено основно училиште или искуство. Во описот на работното место стои дека се работи за одржување на гробиштата, закопување на починатите и уредување на јавните површини.
Загребачки Вечерњи лист пишува дека поради недостиг на работници, комуналното претпријатие Луком, дури морало да го ограничи бројот на дневни погреби на три, затоа што имаат само осум гробари. Хрватска е земја која има потреба од работна сила во многу сектори. Жителите на другите екс југословенски земји прифаќаат да работат во Хрватска.
Фото: pexels,.com