Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Постигнат е важен договор: НАТО сојузниците ќе одвојат најмалку 2 отсто од БДП за одбраната
Македонија

Постигнат е важен договор: НАТО сојузниците ќе одвојат најмалку 2 отсто од БДП за одбраната

08/07/2023

AA

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за зголемување на целта на Алијансата за воени трошоци на најмалку 2 отсто од националниот БДП, изјавија двајца дипломати за Ројтерс доцна вечерва, пред самитот во Вилнус следната недела, кога се очекува да биде потврден договорот.

Триесет и една земја се согласија на „постојана обврска да инвестираат најмалку 2 отсто“ од својот БДП во своите воени сили во иднина, изјавија двајца дипломати кои сакаа да останат анонимни.

Договорот за нова цел за воени трошоци беше едно од отворените прашања пред дводневниот самит на НАТО во вторник и среда во главниот град на Литванија.

Кој издвојува најмногу, а кој најмалку?

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше намера сегашната воена цел на НАТО од 2 отсто од националниот БДП да ја направи минимален услов наместо цел кон која треба да се стремиме.

Во 2023 година, според проценките на НАТО, дури и старата цел ќе ја исполнат само 11 од 31 членка на алијансата – САД, Велика Британија, Полска, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Латвија и Словачка.

Целта беше поставена во 2014 година, кога лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП во рок од една деценија.

Назад се Канада, Словенија, Турција, Шпанија, Белгија и Луксембург, чии трошоци за одбрана беа под 1,4 отсто од БДП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Алкохолот и воланот не одат во двојка“ – Полицијата со

14/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
Македонија

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со

14/02/2026
Македонија

ССМ со податоци: Македонскиот работник создава 5.000 евра месечно, а

14/02/2026
Македонија

„ПОЛА ВЛАДА НА ЗАЕВ ВО ЗАТВОР ЌЕ ОДЕШЕ!“ Манасиевски ја

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41467
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy