
Постигнат договор: Реал обезбедил важен потпис!
Неговиот став од почетокот на годината беше јасен – сакаше да остане во Мадрид. Ниту промена на агенцијата која води грижа за неговата кариера не влијаеше да го промени мислењето, иако ќе има лимитирана минутажа покрај Тибо Куртоа.
Лунин беше еден од најважните во минатата сезона кога Реал стигна до 15. титула шампион на Европа.
За своите добри настапи Украинецот сега ќе биде награден со подобри услови. Лунин во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Зорја, прво беше на позајмици во Леганес, Ваљадолид и Овиедо.