
Поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Македонија, вели Меџити
Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити денеска по потпишувањето на Декларацијата за обединетост истакна дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во Македонија.
„Денес со потпишувањето на оваа декларација , на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа“, рече Меџити.