Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ, РОКОТ Е ДВА ДЕНА: Земјоделците во Германија го прекинаа протестот, еве ги нивните барања
Економија

ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ, РОКОТ Е ДВА ДЕНА: Земјоделците во Германија го прекинаа протестот, еве ги нивните барања

16/01/2024

AA

Протестите на земјоделците во Германија привремено се прекинати по неколкунеделна неизвесност. Претседателот на Здружението на фармери, Јоаким Руквид, рече дека тие се обидуваат да влезат во преговори со федералната влада, но бараат резултати до четврток навечер.

Протестите кои предизвикаа блокади низ Германија од почетокот на 2024 година, кулминираа во понеделникот во Берлин. Се проценува дека учествувале околу 30.000 земјоделци и околу 5.000 трактори оделе по улиците.

„Дојде време да разговараме“, рече Руквид по разговорите со парламентарните групи на тричлената германска коалициска влада.

„Сега би било добро време да ги прекинеме протестите, барем на неколку дена, да им пристапиме на политичарите и да разговараме ориентирани кон решение. Нашиот „молк“ ќе биде сигнал за нашата подготвеност да разговараме“, рече тој.

Германската влада на крајот на декември одлучи да „крати“ одредени планови во буџетот поради недостиг од 17 милијарди евра, меѓу кои беа и субвенциите за земјоделците. Но, поради протестите што следеа, владата веќе отстапи од некои од најавените мерки, како што се укинување на даночните поволности за возила и кратење на субвенциите за земјоделски горива. Но, земјоделците сметаа дека тоа не е доволно и излегоа на протести.

Владата, сепак, гледа „малку простор“ за маневрирање, особено кога станува збор за даноците за гориво.

„Брисел и Берлин го финансираат земјоделството со девет милијарди евра годишно. Како министер за финансии, секогаш морам да се запрашам кои средства се неопходни и кои алтернативи се достапни? Секој треба да го направи својот дел“, рече министерот за финансии Кристијан Линднер.

Руквид и постави на владата еден вид ултиматум – „ни треба резултат до четврток навечер“.

ФОТО:EPA/EFE Filip Singer

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42425
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар- Гостивар бил донесен малолетник од с.

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy