Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поставен камен темелник за автопатот Тетово – Гостивар
Македонија

Поставен камен темелник за автопатот Тетово – Гостивар

03/05/2025

AA

Со присуство на високи политички претставници, денес беше поставен камен-темелникот за автопатот Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Делницата ќе биде долга 17,5 километри, ќе чини околу 90 милиони евра и се очекува да биде завршена за две ипол години.

Автопатот ќе има шест сообраќајни ленти и девет натпатници, од кои осум ќе поврзуваат локални патишта, а еден ќе биде дел од нова клучка во општините Боговиње и Врапчиште. Ќе се реконструира и постоечката клучка за излез од Тетово.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека проектот е дел од визијата за поврзување на земјата со пан-европските коридори 8, 10 и 11, што ќе ја направи Македонија стратешка транзитна точка.

„Како земја којашто за жал не излегува на море, секогаш кога разговаравме во рамките на Владата ни беше предизвик да изнајдеме која е нашата стратешка предност во однос на сите оние земји во регионот и пошироко во Европа, и тогаш многу едноставно дојдовме сите заедно до еден заклучок, а тоа е дека како држава сме единствените можеби коишто имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори. Првиот е овој од кој денес се обраќаме, а тоа е Коридорот 8, вториот е Коридорот 10. Коридорот 8 којшто ги поврзува Јонското и Јадранското море со Црното море, Коридорот 10 којшто го поврзува во овој дел од Европа, средоземјието со Централна Европа, но и Коридор 11 којшто поминува во нашето источно соседство“, рече Мицкоски.

Вицепремиерот Меџити нагласи дека новиот автопат ќе донесе побезбедно движење, ќе го поврзе Полошкиот регион со останатиот дел од земјата и ќе отвори нови економски можности.

„Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома. Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови“, рече Меџити.

Министерот за транспорт Николоски информираше дека досега се експроприрани речиси 2.500 парцели, и дека се работи на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола.

„Во април 2025 година имаме 2.497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп – Битола 29 километри“, рече Николоски.

Претставникот на „Бехтел и Енка“, Џош Бејкер, најави дека градежните работи се во тек на три од четири делници, и дека досега се извршени речиси два милиони кубни метри ископ и над 22.000 кубни метри бетонска работа.

„Овој регионален пат ќе се заврши прв за да се овозможат преусмерувања на сообраќајот и за да се сведе нарушувањето на текот на сообраќајот на минимум додека се гради автопатот. Имаме употреблив пристап за градежни работи на локациите на повеќе од 20 километри од трасата. Работиме заедно со ЈПДП и со властите за да го прошириме ова уште повеќе и да имаме пристап до повеќе од 50 километри до крајот на месец јуни“, рече Бејкер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46363
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места

25/10/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy