Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСТ-СОВЕТСКОТО ЕКОНОМСКО ЧУДО ПОЧНА ДА „ИКА“ – 30 години бележеа само раст, но потоа војната во Украина ги загуши, еве кои проблеми треба да ги решат Полјаците
Економија

ПОСТ-СОВЕТСКОТО ЕКОНОМСКО ЧУДО ПОЧНА ДА „ИКА“ – 30 години бележеа само раст, но потоа војната во Украина ги загуши, еве кои проблеми треба да ги решат Полјаците

06/10/2023

AA

По речиси три децении постојан економски раст во Полска, економските шокови што ги почувствува целиот свет во последните две години, и таму го зедоа својот данок. „Постсоветското економско чудо“ и „земјата што ќе ја престигне Велика Британија до 2030 година“ оваа година едвај ја држи главата над вода поради надворешни шокови, а судејќи според бројот на луѓе кои присуствуваа на неодамна одржаните митинзи на опозицијата во Полска , граѓаните од своето „чудо“ не сакаат да се откажат.

По падот на Берлинскиот ѕид и последователното пристапување во ЕУ, Полска стана една од најголемите европски економии и еден од моторите на економскиот раст. Барем така вели Полскиот економски институт, „тинк-тенк“ кој спроведе истражување за влијанието на членството во ЕУ врз економијата на Полска. Тие дојдоа до заклучок дека БДП по глава на жител, врз основа на паритетот на куповната моќ, во моментов е за 31 отсто поголем доколку не станеа членка на Унијата. Или, од влезот во ЕУ, нивниот паритет на куповната моќ достигна до над 90 отсто!

Нивното нарекувањето како „економско чудо“ се оправдува со фактот дека додека во 1989 година БДП по глава на жител во Полска беше само една десетина од БДП по глава на жител во Германија, денес овие податоци се драстично различни.

Над 3 децении економски раст доведе до ситуација БДП по глава на жител да се искачи на ниво од 32.320 евра во Полска, додека во Германија овој показател е на ниво од 45.941 евра, во Франција 34.200 евра, во Велика Британија 39.477 евра. Според проценките, Полска ќе ја престигне Велика Британија до 2030 година.

Полска стана регионален технолошки центар на регионот на ЦИЕ

Дополнително, во последните 20 години, земјата успеа да стане централен технолошки центар за тој дел од Европа, а двата сектори каде што се истакнаа се ИКТ и производството на батерии.

Според индексот на конкурентност на ИТ секторот, оваа година Полска се најде на третото место во регионот, веднаш зад Естонија и Литванија, а мерено според бројот на расположливи таленти, Полска е број еден.

Последниве години, со промената на макроекономската стратегија на глобалниот Запад, Полска стана една од најважните дестинации за „приближување“ на „Стариот континент“. Тоа го препозна и автомобилската индустрија, па 300 компании се свртеа кон инвестирање во Полска. Најдобар пример за тој тренд е Mercedes, кој моментално ја гради својата прва фабрика исклучиво за електрични комбиња.

Од друга страна, полските компании во тој период стигнаа на светските пазари. На пример, PKN Orlen, мултинационална државна рафинерија за нафта, работи на сите северноевропски пазари, а брендовите како CMYK може да се видат во трговските центри ширум континентот.

Економското чудо почна да „ика“

И покрај стабилноста што ја градат со години, последните неколку години се покажаа како катастрофални за таканаречените економски мотори од регионот на ЦИЕ.

Според последниот извештај на ОЕЦД, полската економија е ослабена во услови на висока инфлација и општа неизвесност.

– Индустриското производство порасна за 5,4 отсто во 2022 година, но кварталниот раст остана нестабилен, економијата значително забави пред се поради падот на приватната потрошувачка и забавувањето на инвестициите, пишува ОЕЦД.

Полскиот БДП порасна за 3,8 отсто во првиот квартал од оваа година, во однос на претходниот квартал, додека на годишна основа тој беше 0,3 отсто во првиот квартал и 0,5 отсто во вториот квартал, а проценките за крајот на годината не се воопшто розево. Иако аналитичарите тврдат дека Полска ќе успее да ја избегне рецесијата, на пример, ИНГ банка во своите пресметки истакнува дека БДП на крајот на годината ќе биде само 0,4 отсто повисок од 2022 година.

Додека тие ја продолжуваат својата анализа, малопродажните цени во Полска и индустриското производство продолжуваат да слабеат.

На врвот на листата на проблеми, како и во повеќето други економии во овој дел на Европа, е војната во Украина. Двете најголеми последици што Полска ги трпи речиси две години се инфлацијата и масовното иселување на Украинците.

Како што предупреди Светската банка, „Националниот план за закрепнување и отпорност“ финансиран од ЕУ може да го задржи нивото на јавни инвестиции доволно високо за да се избегне рецесија, но само доколку овие исплати не доцнат.

Што се однесува до самата инфлација, таа беше на својот врв во февруари во Полска, од 18,4 отсто, пред да падне на 11 отсто веќе во јули. Сепак, главната причина за падот не се острите парични кратења и друга финансиска гимнастика, туку омекнувањето на надворешните шокови, пишува во извештајот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW).

Доаѓањето на Украинците се уште е од корист за Полска

Со доаѓањето на голем број украински бегалци во Полска, тамошниот пазар на труд доби можност да пополни голем број дупки кои се појавија во последните години. Според проценките, околу 1,6 милиони украински бегалци пристигнале во Полска, а значителен број од нив биле уредно регистрирани и добиле работни дозволи (околу 700.000 лица).

Адам Зуравски од WIIW истакнува дека платите во голема мера го следеле растот на инфлацијата, цената на трудот благо паднала додека продуктивноста останала на исто ниво и заклучува дека инфлацијата дури и ја „фаворизирала Полска“ во овој поглед.

Исто така, пристигнувањето на толку голем број бегалци ја отвори вратата на Полска и планот на ЕУ да одвои голема сума на средства за земјите каде што има огромни бази на мигранти и луѓе кои бараат азил.

Но, актуелната владејачка партија „ПиС“ се противи на овој договор, која тврди дека на овој начин ќе имаат поголем прилив на луѓе од Африка и Блискиот Исток. Дали Полска ќе учествува или не ќе зависи од резултатите од референдумот закажан за истиот датум како и парламентарните избори, што ќе се случи подоцна овој месец.

Тие се премногу зависни од јаглен

Кога го гледаме енергетскиот сектор во Полска, гледаме слично сценарио како во Србија. Околу 70 отсто од производството на електрична енергија доаѓа од термоелектраните, т.е. јаглен. Со некој план што се споменува се бара да се стави крај на производството на електрична енергија од јаглен до 2049 година, а околу 75 отсто од електричната енергија ќе се произведува од ОИЕ до 2020 година.

Извор: Блиц.бизнис.рс

Фото: EPA

Од протестите во Варшава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy