
ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА: Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт
Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт.
Тиа Карахмет на возраст од 12 години е пронајдена во Штутгарт. Последен пат ја виделе во недела навечер пред нејзината зграда каде што си играла со пријателите, потврдила за Дневник.хр нејзината кума Ивона Шпрингман. Таа откри дека семејството добило фотографија од непознати луѓе на која го препознаваат нивното мало девојче, а веста дека Тиа е пронајдена им ја потврдила на семејството и полицијата. Во регионот, и во Србија неодамна беа пријавени исчезнати деца. Едно мало девојче кое семејството го пријави дека исчезнало во Уб, утредента го најдоа на нива.
foto freepik.com