
После 9 часа голем пожар и чад: Вонредно ќе заседава Управувачкиот комитет за справување со кризи!
Како одговор на големиот пожар во фабриката за рециклирање во скопската населба Трубарево, вечерва вонредно ќе заседава Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Според информациите, состанокот ќе се одржи во проширен состав и ќе започне за кратко во просториите на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Повеќе информации за одлуките и преземените мерки се очекуваат по состанокот, а најавено е обраќање на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.