Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПУВАЊЕ НА ПОЛНОЌ: Ова се новите цени на горивата
Македонија

ПОСКАПУВАЊЕ НА ПОЛНОЌ: Ова се новите цени на горивата

27/03/2023

AA

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари за литар. Така ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 73, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 37,628 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,09 отсто, кај дизелот има намалување за 1,04 отсто, кај екстра лесното масло за 1,718 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,306 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 1,028 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Чашка: Незаконски исплати од

13/02/2026
Македонија

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница –

13/02/2026
Македонија

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со

13/02/2026
Македонија

ЦВЕТА РИСТОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА „Никогаш немав намера

13/02/2026
Македонија

Пад на температурите од утре: Ќе има врнежи од дожд,

13/02/2026
Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот

13/02/2026
Македонија

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Чашка: Незаконски исплати од 725 илјади денари

13/02/2026

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница – бебето го оставила!

13/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со друга полицајка, насилно ја внела

13/02/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy