Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПУВАЊА КОИ НЕ СЕ ИЗДРЖУВААТ: Земјата има инфлација од над 100 отсто
Економија

ПОСКАПУВАЊА КОИ НЕ СЕ ИЗДРЖУВААТ: Земјата има инфлација од над 100 отсто

16/03/2023

AA

Аргентина се бори со енормно висока инфлација. 

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува над 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во државата во текот на 90-тите. Статистичката агенција на Аргентина соопшти дека стапката на инфлација е 102,5 отсто, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во однос на лани. Нагло се зголемуваат цените на храната и пијалаците – во февруари поскапеле за 9,8 отсто во однос на претходниот месец. Аргентинските медиуми објавија дека цената на месото скокнала за скоро 20 отсто за еден месец. Весникот Амбито објави дека неповолните временски услови, продолжениот топлотен бран и сушата сериозно се одразиле врз сточарството и земјоделството. Во септември лани имаше протести со барање да се ограничи растот на цените. Централната банка соопшти дека ќе биде издадена банкнота во нови апоени – 2.000 пезоси (околу 105 долари), што е одговор на поскапувањата. Минатото лето за еден месец беа сменети тројца министри за економија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) додели шест милијарди долари за спас на економијата. 

Илјадници луѓе во август лани се собраа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, барајќи повисоки плати и бенефиции за невработени поради високата инфлација. Податоците за јули минатата година покажаа дека стапката на инфлација надмина 70 отсто на годишно ниво, што ги девалвира платите и социјалните расходи.

Од осамостојувањето од Шпанија, Аргентина банкротирала деветпати. Од нив, три банкроти се случија само во 21 век и тоа во 2001, 2014 и 2020 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy