Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?
Економија

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

04/04/2025

AA

Просечната цена на стан во главниот град на Словенија, Љубљана лани надмина 4.500 евра за метар квадратен. 

На национално ниво, цените на становите во Словенија се зголемија за десет, а на земјиштето за дури 17 отсто. Минатата година бројот на продажби на недвижности опаѓа трета година по ред на словенечкиот пазар на недвижности, додека цените продолжија да растат. Намалувањето  на продажбите се препишува на прогнозите на Владата за оданочување на недвижностите. Според податоците на Геодетската управа на Република Словенија, растот на цените на станбените недвижности и земјиштето за нивна изградба минатата година не бил толку изразен како рекордната 2022 година, но сепак е релативно висок, анализира Пословни дневник.

Просечната големина на продадените куќи била 161 квадратен метар, а просечната големина на земјиштето 700 метри квадратни. Во Љубљана за куќа со приложена парцела требаше да се платат во просек по 405.000 евра. За 15 до 20 отсто во Словенија е намален бројот на продадени станови во повеќестанбени згради лани, а бројот на продажби на станбени куќи за 10 до 15 отсто, се вели во извештајот за словенечкиот пазар на недвижности за 2024 година, што Управата за геодетски работи го објави вчера на својата веб-страница. Врз основа на сè уште привремениот број на евидентирани продажби за 2024 година, се проценува дека минатата година во Словенија се продадени околу 7.000 станови во повеќестанбени згради и околу 5.000 станбени куќи, со вкупна вредност нешто помала од 1,7 милијарди евра. Според неофицијални податоци, минатата година во Словенија биле склучени 24.000 до 25.000 договори за купопродажба на недвижен имот во вкупна вредност од 2,5 до 2,6 милијарди евра.

foto Wikipedia/Rok

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy