
ПОСКАПЕА ХРАНАТА И БЕЗАЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ: Се зголеми инфлацијата во Словенија
Словенија ја има највисоката стапка на инфлација за период од седум месеци. Инфлацијата во декември достигна 1,9 отсто на годишно ниво, што е највисока стапка од мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во ноември инфлацијата беше 1,7 отсто.
Цените на комуналните услуги се поскапени за 1,3 отсто во однос на истиот период лани, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. Цените на транспортот имаат раст од 1,2 отсто по претходното намалување од 1,8 отсто во ноември. Просечната годишна инфлација за 2024 година изнесува 2 отсто.
foto freepik.com
