Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСКАПЕ РУСКИОТ ГАС ВО МАКЕДОНИЈА, ИЛИ НЕ?
Економија

ПОСКАПЕ РУСКИОТ ГАС ВО МАКЕДОНИЈА, ИЛИ НЕ?

08/11/2023

AA

Потрошувачите и натаму се во неизвесност дали рускиот гас ќе поскапе во Македонија со воведената дополнителна такса од 10 евра за мегаватчас за транзит преку Бугарија. Бидејќи најголем дел од гасот кој се користи во Македонија доаѓа од Русија, експертите велат дека ова ќе значи негово поскапување за нешто повеќе од 17 отсто, што би било тешко подносливо за македонската економија.

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши излезе со тврдење дека гасот кој доаѓа од „Газпром“ веќе е поскапен во земјата, на што „Макпетрол“ веднаш се јави со демант..

– Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца -еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас,  рече Бектеши.

Од „Макпетрол“ тврдат дека, како клиенти на „Газпром“ со кого имаат годишен договор, немаат наметнато поскапување и дека рускиот доставувач останува на тоа што е договорено, независно од тоа што се случува помеѓу една од најголемите енергетски компании во светот и Бугарија.

„Макпетрол децидно демантира дека цената на природниот гас за своите потрошувачи ќе биде зголемена“, гласи категоричниот демант на „Макпетрол“, од каде не ни очекуваат во иднина да ги зголемат цените.

Трговецот Митко Андреевски вели дека од она што може да се види со голо око е дека цените на гасот за транспорт во малопродажба се зголемени од 64 на 71,5 денари, додека билатералните договори со индустријата се тајни и таму не може да се види дали има промени.

– Ако не сега, од 1 декември очекувам да има поскапување. Сепак не треба да бидеме сигурни дека и тековните договори за ноември нема да бидат поскапи, затоа што може дополнително да бидат фактурирани со т.н. „форс мажор“ (виша сила), вели Андреевски како познавач на приликите.

Од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, чиј систем е еден од најголемите потрошувачи на руски гас, велат дека засега цените остануваат непроменети, односно дека нема големо поскапување.

– Ние имаме месечни договори и нема зголемување на цената на тој што го потпишавме за месец ноември, додека за декември останува да видиме што ќе се случи, брифираат од ТИРЗ.

Со ЕСМ не успеавме да стапиме во контакт за коментар за цената по која се купува гасот за топланите. Како што е познато, од таму се склучуваат месечни договори кои во последно време ги добива бугарски оператор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy