Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје поради традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“
Македонија

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје поради традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“

16/05/2026

AA

На 17.05.2026 (недела), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“.

Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст).

Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, ќе продолжи по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст).

Поради одржувањето на настанот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
Македонија

Висока температура, повраќање и дијареја: 139 деца за 48 часа

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45330
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв се враќало кај мајката

29/08/2026

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден полицискиот службеник

29/08/2026

На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy