Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈ ВО ЗИМСКАТА СЕЗОНА ВО МАВРОВО Полицајци од Ростуше ќе се обучуваат да вршат увид при сообраќајки
Македонија

ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈ ВО ЗИМСКАТА СЕЗОНА ВО МАВРОВО Полицајци од Ростуше ќе се обучуваат да вршат увид при сообраќајки

02/01/2026

AA

Посебен план за сообраќај ќе биде изготвен за претстојната зимска сезона во Маврово. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска при посетата на Маврово изјави дека планот ќе овозможи подобар проток на сообраќај.

– Во Полициското одделение Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир – изјави Тошковски при посетата на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница.

При посетата на Полициското одделение Ростуше била разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди.

– Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар – вели Тошковски.

Во Полициската станица за граничен надзор Жировница било отворено и прашањето за дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на Општината, со цел да се обезбеди паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат, секогаш има и други законски

11/09/2026

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy