
Португалија со најсилен состав ја напаѓа Словенија
Селектоорт Роберто Мартинез и Матијаж Кек ги избраа почетните 11 за натпреварот вечерва.
Португалците ќе истрчаат со најсилниот состав во формација 4-3-3 каде што во нападот најголеми закани се очекува да бидат Леао и Роналдо. Словенија од друга страна ќе чека своја шанса да го изненади фаворитот.
ПОРТУГАЛИЈА: Коста; Кансело, Диаз, Пепе, Мендеш; Фернандеш, Палиња, Витиња; Силва, Роналдо, Леао
СЛОВЕНИЈА:Облак; Карничник, Дркушиќ, Бијол, Балковец; Стојановиќ, Гнезда Черин, Елсник, Млакар; Шешко, Шпорар
Главен судија на натпреварот вечерва од 21:00 часот во Франкфурт е Даниеле Орсато.