
Португалија со максимални 30 бода ги заврши квалификациите (ВИДЕО)
За крај го совлада Исланд со 2-0 со што остана под просекот од 3,6 гола на натпревар, а остана на само двата примени. Можност да ѝ се придружи со максимален ефект ќе има Франција со тоа што „триколорите“ беа во група со пет репрезентации и во овој циклус ќе имаат само осум натпревари.
Кристијано Роналдо денеска апстинираше од листата на стрелците, но му асистираше на Хорта кој во 66. минута го постави конечниот резултат. Претходно, пред крајот на првото полуврене Бруно Фернандес ја донесе Португалија во водство.
Шпанија ја победи Грузија со 3-1, но триумфот остана во сенка на повредата на Гави кого најверојатно го очекува долга пауза. Босна и Херцеговина со пораз од Словачка на домашен терен го заврши очајниот циклус, а најинтересниот меч го одиграа Шкотска и Норвешка кои одиграа 3-3.
РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Словачка 1-2
Лихтенштајн – Луксембург 0-1
Португалија – Исланд 2-0
Шкотска – Норвешка 3-3
Шпанија – Грузија 3-1
