
„Португалија може да стане европски шампион само ако не игра Роналдо“
Роналдо се уште е дел од репрезентацијата и покрај тоа што наполни 39 години и е рекордер и по бројот на настапи и по бројот на голови на светско ниво. Сепак, Лебеф тврди дека Португалија може да стане шампион на претстојното Европско првенство само ако Роналдо не игра.
„Според мене, Португалија е еден од кандидатите за титулата, мислам дека можат да го освојат ЕУРО, но само ако Роналдо не игра. Не можете да му одземете ништо од тоа што го направи за фудбалот и сакам да му се заблагодарам за тоа, но постои крај за секого“, смета Лебеф.
Роналдо веќе има европска титула со својата репрезентација, од ЕУРО 2016 и е рекордер по бројот на постигнати голови на европските шампионати.
