
Портокалов метео аларм за Македонија: Детална временска прогноза за следните 5 дена
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.
Времето денес (20.07.2023 год.): Сончево и многу топло со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и силен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степени. UV=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. T= 39 °C, P= 974 hPa, U= 38 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

