Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Портокалов метео аларм за делови од Македонија, доаѓаат врнежи од снег
Македонија

Портокалов метео аларм за делови од Македонија, доаѓаат врнежи од снег

19/01/2024

AA

За Полошкиот и југо-западниот дел од Македонија издаден е метео аларм за врнежи од снег и ветер.

Во Македонија во сабота во утринските часови облачно време со врнежи од дожд, над 800 метри со врнежи од снег. Во претпладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и до крај на денот насекаде се очекуваат врнежи од снег, освен во крајните југоисточни предели каде што во поголем дел од денот врнежите ќе бидат од дожд, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во врнежи од снег, прогнозираат од Weather4all.mk за 4NEWS.mk

Во текот на ноќта сабота кон недела врнежите од снег ќе продолжат. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Максималните температури се очекуваат во утринските часови кога ќе биде и најтопло со температури од 2 до 8 степени, додека пак во текот на денот температури ќе бидат во опаѓање и најстудено ќе биде кон крајот на денот, кога температури ќе се движат во интервал од -7 до 1 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Поради врнежите од снег во текот на целиот ден се препорачува да се избегне патување, доколку се патува да се следат препораките за возење во зимски услови. Товарните возила би требало да ја почитуваат препорака за забрана на движење во зимски услови. Голема внимателност и во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела поради ниските температури појава на умерен мраз и можна е појава на голомразица.

Во недела во раните утрински часови врнежите од снег ќе престануваат и постепено намалување на облачноста и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено време. Минималните температури ќе се движат во интервал од -11 до -3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 7 степени. Во понеделник и вторник ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -12 до -4 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури од 0 до 6 односно од 2 до 8 степени. Во Македонија во среда ледено утро и појава на умерен мраз со утрински температури од -8 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и дневни температури од 3 до 9 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy