
Пороен дожд и грмежи во Скопје денес и утре – од среда стабилно време!
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со
повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотајно
невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. T=31°C. P=977hPa. U=37%. V=4m/s.
Утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до
петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.