
Поројни дождови предизвикаа свлечишта во регионот Давао на Филипините
Полицијата и војската се вклучени во спасувачката операција по поројните дождови кои предизвикаа свлечишта во регионот Давао на Филипините.
Неколку села се затрупани во областа Карага. Издадена е црвена тревога, им се препорачува на возачите да ги избегнуваат погодените области, додека спасувачите се обидуваат да дојдат до местата зафатени од поплавите.
Урнати се и мостови, има и најмалку 10-ина жртви поради свлечиштата.