Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Порази на Струга и Пандевци, реми на „лавовите“ со ЦСКА, победа за Тиквеш
Спорт

Порази на Струга и Пандевци, реми на „лавовите“ со ЦСКА, победа за Тиквеш

29/01/2023

AA

Два порази, едно реми и една победа е исходот од денешните контролки на македонските прволигаши во овие зимски подготовки во кои се бара вистинската форма за стартот на пролетниот дел од сезоната закажан за 19 февруари.

Во Анталија, лидерот Струга Трим Лум и актуелниот вицепрвак Академија Пандев ги загубија контролките. Стружани со 1-2 и со примен гол на крајот на мечот загубија од дански Велје, а единствен стрелец за Струга беше Фатјон Јусуфи три минути по стартот на вториот дел.

Стружани го запишаа вториот пораз во четирите досегашни мечеви, откако загубија и од Локомотив Ташкент со 1-2, а ремизираа со Кривбас 1-1, додека пред доаѓање на турскиот југ го победија Охрид со 2-1.

Академија Пандев, пак, загуби со 0-2 од украинска Зарја во третата контролка, а ова беше втор пораз на овие подготовки во Анталија, откако загубија и од Марица од Пловдив со 0-1, а го разнесоа српски Раднички Ниш со 4-1. Имаат и едно реми со Брегалница без голови пред заминување на подготовките во Турција

Македонија ЃП одигра без голови со бугарскиот гигант ЦСКА Софија во пријателскиот меч, половина година откако „лавовите“ и „армејците“ се сретнаа во квалификациите за Конференциската лига.

Тиквеш пак со гол на Александар Мишов го победи косовски Феризај во Дојран во денешната контролка. За кавадарчани ова е втора победа после убедливите 3-0 против второлигашот Слога Виница.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy