
Порази и за Стоилковска и за Србљак, но Ѓорческа победи во двојки
Таа е онаа во двојки на Лина Ѓорческа, во второто коло од турнирот во Хехинген. Како трети носителки, Ѓорческа и Русинката Фомина славеа над руско-чешкиот тандем Золотарева/Бајерлова и тоа релативно лесно, со 6-2, 6-3. Ова значи пласман во полуфиналето, каде што ќе имаат или чешки или германски противнички.
За разлика од двојки, порано денеска Ѓорческа загуби во поединечна конкуренција, а нејзиниот пример за жал го следеше и втората македонска рангирана тенисерка, Магдалена Стоилковска. Во втората рунда на турнирот во Финска, таа загуби од Летонката Маргарита Игњатева (1.233 на ВТА-листата) со 6-3, 6-4.
Рака мораше да пружи и Горазд Србљак, на турнирот во Нови Сад, вреден 15.000 евра. Во дуел со четвртиот носител, Флоран Бакс од Франција (24 години 602. на АТП-листата) загуби со 0-6, 2-6 за околу час и половина.
