Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пораз за Миовски и Абердин во Франкфурт, Зрињски од 0-3 до триумф против АЗ Алкмар (ВИДЕО)
Спорт

Пораз за Миовски и Абердин во Франкфурт, Зрињски од 0-3 до триумф против АЗ Алкмар (ВИДЕО)

21/09/2023

AA

Бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт славеше со 2-1 против шкотски Абердин на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, додека победа оствари и Легија против Астон вила во Варшава со 3-2 во Конференциската лига.

Двете екипи во Франкфурт понудија возбудлив фудбал од самиот старт, а првиот гол беше постигнат од домаќините во 11. минута преку Мармуш од пенал, додека Абердин израмни во 22. минута преку Полвара.

Миовски беше во игра до 56. минута, по што тренерот реши да го замени со Дјук, а само неколку минути подоцна Коч погоди за водство од 2-1 на Франкфурт и со тоа ја потврди победата на бундеслигашот.

Премиерлигашот Астон вила имаше пеколно гостување во Варшава и загуби од Легија со 2-3. Два гола за победничкиот тим постигна Мучи, додека Взолек погоди еднаш, а екипата од Бирмингем стрелаше преку Дуран и Дињ.

АЗ Алкмар имаше одлични први 45 минути во Мостар и водеше со 3-0 со головите на Ван Бредерод, Мијнанс и Де Вит, но босанската екипа режираше неверојатен пресврт со погодоците на Кожуљ (два гола), Чорлука, Хрвановиќ.

Останати резултати:

Фенербахче – Нордсјеланд 3-1
Ференцварош – Чукарички 3-1
Генк – Фиорентина 2-2
ХЈК – ПАОК 2-3
Лудогорец – Спартак Трнава 4-0

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор

02/12/2025
Македонија

„Биди искрен Дејан и кажи“: Милка Едровска го прозва газдата

02/12/2025
Македонија

ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ

02/12/2025
Македонија

Одбраната на Едровска тврди дека нејзиниот проект бил безвреден без

02/12/2025
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на

02/12/2025
Македонија

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди

02/12/2025
Македонија

32-годишна жена истепана од сопругот со кого е во бракоразводна

02/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО КОЧАНСКАТА ПОЛИЦИЈА Двајца полицајци се суспендирани откако тепале

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал право

02/12/2025

„Точно е дека продавал карти, но тој немал никаква надлежност да врши проверка на влезот и излезот, а посебно не

„Биди искрен Дејан и кажи“: Милка Едровска го прозва газдата на „Пулс“ – тврди дека

02/12/2025

„Нека биде искрен Дејан и нека каже дали тој од мене некогаш барал целосен проект?“ Со овој директен предизвик упатен

ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ ТАМУ Проектантката Милка Едровска не

02/12/2025

Петтообвинетата во предметот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“, проектантката Милка Едровска од „Венци проект“ на денешното рочиште рече дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy