
Пораз на одбојкарската репрезентација на стартот од Европската златна лига (ФОТО)
Во првото коло од турнирот што се одржува во Струмица, нашиот национален тим загуби од Естонија со 1-3 (23-25, 25-14, 19-25, 22-25).
Иако победата на противникот е убедлива, се чини дека не е реален одраз на она што се случуваше на теренот. Само детали ја спречија македонската репрезентација да ги освои првиот и четвртиот сет, вториот убедливо го освои, а Естонија беше подобра само во третиот, но само поради серијата во финишот. Во четвртиот сет, Македонија водеше со 10-7, 14-12 и 20-19, но потклекна во клучните моменти.
Во нашата репрезентација, најдобар беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, а 17 оствари Илиев. Утре нашиот тим е слободен, а в недела се среќава со Чешка.
