Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОРАСТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Инвеститорите веруваат дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен
Економија

ПОРАСТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Инвеститорите веруваат дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен

05/11/2023

AA

Глобалните берзи се зголемија оваа седмица бидејќи инвеститорите веруваат дека САД и другите централни банки ширум светот го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки како што се намалува инфлацијата.

На Волстрит, Dow Jones порасна за 5,1 отсто, на 34.061 поен, додека S&P 500 скокна за 5,9 отсто, на 4.358 поени, а индексот Nasdaq порасна за 6,6 отсто, на 13.478 поени.

Силниот скок на индексот е благодарение на верувањето на инвеститорите дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка е завршен.

Во средата челниците на ФЕД на редовната седница одлучија каматните стапки да останат непроменети, во интервал од 5,25 до 5,50 отсто.

Тоа беше втора седница по ред кога ФЕД ги остави каматните стапки непроменети, откако ги зголеми на 11 претходни сесии поради високата инфлација.

Иако претседателот на ФЕД Џером Пауел ја остави отворена вратата за уште едно зголемување на каматните стапки на прес-конференција, повеќето аналитичари веруваат дека тоа нема да се случи.

Дотолку повеќе, велат тие, поради тоа што го кажал Пауел и како растот на приносите на државните обврзници имал влијание врз економијата. Имено, одреден број каматни стапки на кредитите за граѓаните и фирмите се одредуваат според каматните стапки на обврзниците.

„Коментарите на Пауел во средата беа токму она што инвеститорите сакаа да го слушнат“, рече Џастин Бургин, потпретседател во Ameriprise Financial.

Пазарот е поддржан и од деловните резултати на компаниите, иако многу компании ги намалија деловните проценки во тековниот, четврти квартал.

„Во последниот квартал од годинава се очекува значително зголемување на заработката“

Досега, повеќе од 400 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите извештаи за заработката за третиот квартал, при што 81 отсто од нив објавија заработка поголема од очекуваната.

Затоа, сега се проценува дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во третиот квартал е зголемена за 5,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на почетокот на октомври се очекуваше раст од 1,6 отсто.

Откако компаниите пријавија, нивните проценки за заработката во четвртиот квартал беа намалени. На почетокот на октомври аналитичарите во анкетата на Ројтерс очекуваа раст на заработката во тековниот квартал за 11 отсто на годишна основа, додека сега очекуваат раст од 7,2 отсто.

„Иако проценките се намалени, аналитичарите сепак очекуваат значителен раст на заработката во последниот квартал од оваа година“, вели Бургин.

И на европските берзи цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат дека Европската централна банка повеќе нема да ги зголемува каматните стапки со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната постепено се намалува.

Лондонскиот FTSE индекс порасна за 1,7 отсто, на 7.417 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 3,4 отсто, на 15.189 поени, а париски CAC за 3,7 отсто, на 7.047 поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy