
ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ: Колку заработуваат Хрватите?
Просечната плата во Хрватска бележи пораст.
Просечната нето-плата по вработен во Хрватска во март изнесуваше 1.130 евра и е номинално повисока за 11,9 отсто, а реално за 1,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Просечната плата од 1.130 евра е номинално повисока за 2,2 отсто, а реално за 1,3 отсто во однос на февруари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по час за март е 6,08 евра, што е за 10,7 отсто пониска од февруари, а за 11,8 отсто повеќе од март минатата година.
Највисока просечна месечна исплатена нето-плата е исплатена во информатичките услужни дејности во износ од 2.327 евра, а најниска во заштитните и истражните дејствија од 738 евра. Медијалната нето плата за март изнесувала 946 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.
Најмногу платени часови има во дејноста воден транспорт (191), а најмал број на платени часови има во дејноста социјална заштита без сместување (160).
foto freepik.com
