Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот владин советник Андреевски формираше нова компанија: Ќе донесам поевтин гас во земјата
Економија

Поранешниот владин советник Андреевски формираше нова компанија: Ќе донесам поевтин гас во земјата

22/02/2023

AA

Поранешниот советник за енергетика и гасификација Митко Андреевски, формираше своја нова компанија „Гама Гас Трејд“, со која, како што вели за „Фактор“, ќе се обиде да понуди пониски цени на природен гас на пазарот во Македонија.

Компанијата ќе работи на национално ниво, регистрирана е со седиште во Кисела Вода, а Андреевски вели дека нема да работи со претпријатија поврзани со државата.

„Со либарилазацијата на пазарот се отвора можност за трговија со природен гас. Компанијата ќе биде дел од портфолиото на групација со која раководам и сега. 

 Во минатата година бевме сведоци на различни цени на природен гас за ист период. Тоа е причината за формирањето на Гама Гас Трејд која наскоро ќе започне постапка за добивање на лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Верувам дека со 15 годишното искуство во оваа област, можам да придонесам и да понудам поконкурентни цени со подобри бизнис модели од постоечките кои се на пазарот кај нас, пред се’ на индустријата, вели поранешниот владин советник.

Со либерализацијата, тој вели дека ќе тргува со природен гас кој ќе се носи од терминалите во Грција и преку гасоводот во Бугарија.

– Природниот гас ќе биде од слободниот пазар на природен гас во регионот, преку портовите за гас во Грција, секако и преку гасоводните системи на Бугарскиот оператор, изјави некогашниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Енергетскиот консултант кој беше дел од иницијативата да се инвестира во терминал за течен гас во Грција и градење на интерконектор меѓу Грција и Македонија, тврди дека ќе работи само со индустриски капацитети.

– Компанијата ќе се фокусира кон индустриските потрошувачи и ќе им понуди различини модели на договори за гас, нудејќи сигурност и ценовна предвидливост. Тие се единствени клиенти на гасоводната мрежа во Македонија досега, ни одговори Андреевски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
Македонија

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи,

25/01/2026
Македонија

Едно лице загина во Скопје, двајца тешко повредени во Кочани

25/01/2026
Македонија

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Влажни коловози и апел за внимателно

25/01/2026
Македонија

Денеска Тоше ќе полнеше 45 години: Сестра му Дора со

25/01/2026
Македонија

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема

25/01/2026
Македонија

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и

25/01/2026
Македонија

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40592
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат и двајца тешко повредени

25/01/2026

На скопските и регионалните патишта вчера и денес се случија три сериозни сообраќајни несреќи, при што едно лице загина, а

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи, на планините снег

25/01/2026

Од ноќеска нашата земја ќе биде под влијание на влажна воздушна маса и циклонска активност, што ќе донесе промена на

Едно лице загина во Скопје, двајца тешко повредени во Кочани и кај Ростушки мост

25/01/2026

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила рано утрово во Скопје, додека вчерашниот ден (24 јануари) беше одбележан со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy