Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф почина во Дубаи
Македонија

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф почина во Дубаи

05/02/2023

AA

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф почина денеска во болница во Дубаи по долго боледување, пренесоа светските агенции.

Пакистанската армија и пакистанската амбасада во Обединетите Арапски Емирати ја објавија смртта на поранешниот пакистански лидер. Первез Мушараф имаше 79 години. Тој беше сменет од власта во Пакистан во 2008 година.

Командантите на пакистанските поморски, копнени и воздушни сили изразија сочувство за смртта на Мушараф.

Мушараф, поранешен генерал со четири ѕвезди, беше назначен за шеф на пакистанските копнени сили во 1998 година од Наваз Шариф, кој во тоа време беше премиер на земјата. Една година подоцна, Мушараф ја презеде власта во Пакистан со бескрвен државен удар. Во 2001 година тој се прогласи за претседател на државата, задржувајќи ја функцијата премиер и началник на копнените сили. Во 2002 година, неговиот претседателски мандат беше продолжен за пет години. Во 2007 година, Мушараф влезе во конфликт со своите соработници, кои инсистираа на разговори со опозицијата, а исто така и со Врховниот суд, кој пресуди против неговото учество на други претседателски избори. Мушараф го игнорираше ова мислење и на 6 октомври 2007 година беше реизбран за втор мандат. Но, Врховниот суд бавно го потврди резултатот од изборите и на тој начин дојде до внатрешна политичка криза во Пакистан. На 3 ноември 2007 година, Мушараф воведе вонредна состојба, го суспендираше уставот и голем број граѓански слободи. Потоа положи заклетва како претседател и се откажа од командата на копнените сили. Во февруари 2008 година, тој ја победи опозицијата на парламентарните избори, а тоа доведе до импичмент на Мушараф во април истата година. Потоа отпатува за Лондон.

Во 2013 година, Мушараф се врати во Пакистан за да се натпреварува на парламентарните избори. Но, против него беа поднесени неколку случаи. За негово апсење е распишана и потерница и против него е поднесена формална пријава. Мушараф беше ставен во домашен притвор. Во 2016 година, тој доби дозвола да ја напушти земјата на лекување, но вети дека ќе се врати за да се предаде на судските власти. Ова никогаш не се случи, а во декември 2019 година, Мушараф беше осуден на смрт од Специјалниот суд на Пакистан за предавство затоа што го укина уставот и воведе вонредна состојба во земјата во 2007 година.

Во последниве години, Мушараф живеел со Дубаи.

Во јуни 2022 година, роднините на Мушараф објавија дека тој бил примен во болница поради неизлечивата болест амилоидоза, која му беше дијагностицирана уште во 2018 година. Тоа предизвикува акумулација на ненормално изменети протеини во меѓуклеточниот простор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители:

07/05/2026
Македонија

Општина Неготино отвори процес за пријавување штети од пролетниот мраз

07/05/2026
Македонија

Струга пулсираше во духот на верата: Величествена литија со моштите

07/05/2026
Македонија

Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција, Мицкоски

07/05/2026
Македонија

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ

07/05/2026
Македонија

Не се иселувајте: Мицкоски со порака до младите да ја

07/05/2026
Македонија

ФОТО Заканувачката порака која била испраќана до учениците во Битола

07/05/2026
Македонија

Мицкоски најави проширување на позитивната листа на лекови во наредните

07/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy