Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт
Економија

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

20/12/2024

AA

Поранешниот министер за образование, како и министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски како нов сопственик го презеде под свое водство фамилијарниот бизнис со компанијата за меѓународен транспорт „Еуро Линес“ Скопје.

– Тоа е семејна фирма во која седум години работам, поточно откако завршив да ја извршувам својата функција. Од приватни семејни причини решивме да направиме структурни промени и јас да бидам тој што ќе го води бизнисот, ни изјави Ристовски.

„Еуро Линес“ е основана во 1995 година и од самиот почеток, како што пишува на веб-страницата на фирмата, е лиценцирана за вршење на меѓународен и домашен товарен транспорт со распространетата мрежа на соработници во земјата и странство.

– Ние немаме своја шпедиција или складишта, туку единствено посредуваме за клиентите и го организираме тоа што им треба за транспортот, кој може да биде и поморски и воздушен преку наши контакти. Од имот имаме само два транспортери, а другото го пронаоѓаме по потреба. Услугите се главно насочени добро да се организира увозот или извозот, а превезуваме секаква комерцијална стока, но најмалку храна, вели поранешниот функционер во владата на Никола Груевски.

Минатата година оваа фирма остварила приходи од околу 250.000 евра, а редовно ангажирала тројца работници кои се воделе како вработени.

Ристовски беше осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје,за случајот „Организатори на 27 април”, а едно време мина во куќен притвор до почетокот на 2022 година. Европскиот суд за човекови права во Стразбур годинава донесе пресуда во која се посочува дека на Ристовски неоправдано му бил продолжуван домашниот притвор за случајот „27 април“.

Во 2019 за овој случај беше спроведен во притвор. Ристовски вели дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но дека не извршува партиски одговорности. Тој и натаму ја чека конечната одлука од повторното судење и тврди дека судскиот процес не го спречува да води бизнис активности како одговорно лице.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy