Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот командант на НАТО: Ако рускиот адмирал Соколов е мртов, тој е највисокиот поморски офицер УБИЕН ВО БОРБА од Втората светска војна
Македонија

Поранешниот командант на НАТО: Ако рускиот адмирал Соколов е мртов, тој е највисокиот поморски офицер УБИЕН ВО БОРБА од Втората светска војна

26/09/2023

AA

Украина објави дека во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота на окупираниот Крим загинал командантот на таа флота.

Ова го објави американскиот NBC News, кој наведува дека командант на Црноморската флота е адмиралот Виктор Соколов, кој не се споменува по име во украинското соопштение.

Претходно, украинските сили за специјални операции објавија на Телеграм дека „десетици мртви и ранети, вклучително и високо раководство на флотата“ се убиени во напад на седиштето на флотата во Севастопол, Крим.

Во соопштението се наведува дека операцијата е наречена „Стапица за ракови“ и дека е спроведена „навремено и прецизно“.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, соопшти денеска, повикувајќи се на силите за специјални операции на земјата, дека во ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во петокот загинал нејзиниот командант, адмирал Виктор Соколов. .

Според истото тврдење, покрај Соколов, таму загинале уште 34 руски офицери, а 105 биле ранети.

NBC News објави дека во текот на изминатиот викенд се зборуваше меѓу аналитичарите по војната во Украина дека Соколов е убиен.

Ова го коментираше американскиот адмирал Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на сојузничките сили на НАТО, кој сега е главен аналитичар на NBC News за меѓународни безбедносни прашања.

– Ако е вистина (дека е убиен Соколов), тоа би бил највисокиот поморски офицер убиен во борби по Втората светска војна – рече Ставридис во објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41733
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy