Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот градоначалник на Крушево Томе Христовски се повлекува од политиката и се враќа во МВР!
Македонија

Поранешниот градоначалник на Крушево Томе Христовски се повлекува од политиката и се враќа во МВР!

26/11/2025

AA

Поранешниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски, објави дека ја започнува постапката за враќање на своето работно место во Министерството за внатрешни работи. Во својата објава на социјалните мрежи, тој истакна дека законот налага вработените во МВР да не бидат дел од органи или тела на политичка партија, поради што донел одлука да се повлече од сите политички функции.

„Оваа одлука ја носам со почит кон институциите и со целосна одговорност кон законите. Политиката за мене никогаш не била средство за лична корист, туку начин да се помогне, да се слушне народот и да се решаваат проблеми“, напиша Христовски.

Тој додаде дека се повлекува со подигната глава, уверувајќи дека сите негови проекти и активности во Крушево биле во интерес на граѓаните и во согласност со законите и моралните норми.

„Сега се враќам на професионалната должност во МВР, каде што ќе продолжам да работам одговорно, со истата посветеност и намера — да служам чесно и правично во служба на сите граѓани“, посочи Христовски.

Во текот на својот мандат, тој истакнува дека работел чесно, транспарентно и со почит кон секој граѓанин, оставајќи за наследство проекти и дела за развојот на малата, но значајна општина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
Македонија

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026
Македонија

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за

03/03/2026
Македонија

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема

03/03/2026
Македонија

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе

03/03/2026
Македонија

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет

03/03/2026
Македонија

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026
Македонија

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42177
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026

Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на својата официјална посета на Скопје и средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова,

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за возење на нерегистрирано возило и

03/03/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy