Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешна директорка на БЈБ дозволила двајца да останат на работа и по пресуда од судот за прекин
Магазин

Поранешна директорка на БЈБ дозволила двајца да останат на работа и по пресуда од судот за прекин

28/04/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје  поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и  В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“  на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци  во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен  суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи. Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата.  Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по истите.

Второпријавената во својство на овластено службено лице  кога предметните пресуди пристигнале  во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание  и  ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита  на лични податоци, без притоа  соодветно  да реагира  и да ги врати  пресудите до првопријавената , со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување. Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на  исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои  согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците

26/01/2026
Македонија

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15

26/01/2026
Македонија

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026
Македонија

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве

26/01/2026
Македонија

„Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме

26/01/2026
Македонија

Утре неработен ден за припадниците на српската заедница

26/01/2026
Македонија

Николоски од протестот на превозниците: Три решенија за избегнување економски

26/01/2026
Македонија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците – ќе има присилна наплата!

26/01/2026

Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица,

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15 евра до 500 евра

26/01/2026

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на проектот „Безбеден град“ продолжуваат засилените контроли и санкционирањето на сообраќајните прекршоци

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026

Основниот суд Битола денеска реагираше на последните тврдења и критики кои се појавија во јавноста, истакнувајќи дека станува збор за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy