Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја и вода
Македонија

Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја и вода

18/07/2023

AA

ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период.

-Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана вчера, во еден од најтоплите денови во овој период со минимални 21 и максимални 38 степени Целзиусови измерени на скопскиот аеродром, велат од ЕВН Македонија за МИА.

При тоа нагласуваат дека скопскиот регион како најголемо конзумно подрачје во изминатите 30 дена има вкупна потрошувачка од 148.399 мегават часови електрична енергија или во просек по 4.787 мегават часови дневно, а вчера потрошувачката изнесувала 6.070 мегават часови.

Потсетуваат дека минатата година во периодот од 17 јуни до 17 јули вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 421.287 мегават часови, а просечната дневна потрошувачка била 13.590 мегават часови.

-Разликата во потрошувачката од лани до годинава се јавува заради разликата на температурите. Годинава во овој период имаме значително пониски температури во јуни и повисоки во јули во однос на истиот период лани, посочуваат од ЕВН Македонија.

Поради дефект на ПП Хидрант ф-80мм на улица „Питу Гули “57, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица, дел од улица „Капештец“, како и дел од улица „Ганчо Хаџипа

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак, апелираат граѓаните рационално да ја користат водата и укажуваат на зголемена потрошувачка на вода заради високите температури.

-Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, велат од јавното комунална претпријатие

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy