
ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо
Хрватските граѓани на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на продавниците поради високите цени. Тие се револтирани поради високите цени.
Како што пишува Index.hr, граѓаните меѓусебно се повикуваат на социјалните мрежи како WhatsApp, Reddit и Facebook да ги бојкотираат продавниците на 24 јануари и да не купуваат ништо на тој ден.
Споменуваат и примери како Италијанците престанале да пијат кафе во кафулињата кога нивните цени се зголемиле по доаѓањето на еврото.
Но, сепак Хрватите дискутираат и за опцијата, дали има смисла еден ден да не купуваат ништо, затоа што потоа благајните пак ќе им се наполнат на трговците, пишува index.hr.
foto Shutterstock