
Поради сообраќајка затворен патниот правец Берово – Струмица
Поради сообраќајна незгода, патниот правец Берово – Струмица е во прекин, јавува АМСМ. „Од 16:20 часот патниот правец Берово – Струмица е затворен за сообраќај во двата правци, поради случена сообраќајна незгода“. Се очекуваат повеќе детали вечерва за оваа незгода.

