
Поради објави за нападите на Хамас врз Израел полицаец ќе биде санкциониран, соопшти МВР
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.
Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен.
Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир.