
ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИКА ВО КЛУБ ВО ЗАГРЕБ – „ИСКЛУЧЕТЕ ГО ОВА“: Српската пејачка Барбара Бобак ја прекина песната
Во клуб во
Загреб, српската пејачка Барбара Бобак веднаш реагираше на употребата на
пиротехнички средства во клубот. Во моментот кога во просторијата се активирале
пиротехнички ефекти, таа ја прекина песната и побара да бидат исклучени.
„Исклучете го ова!“ – рече пејачката, јасно покажувајќи дека
не дозволува ризици во затворен простор.
Негодувањето на Барбара доаѓа по големата трагедија во Кочани, во дискотеката „Пулс“,
кога 16. март 59 млади луѓе,
меѓу кои и деца, го загубија.
Последните информации
за повредените кои денеска ги соопшти министерот за здравство се дека четворица
се уште се критични од кои на двајца им е влошена состојбата.
фото: Instagram