Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ: Републиканците и демократите сакаат да ја ограничат моќта на американскиот претседател
Економија

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ: Републиканците и демократите сакаат да ја ограничат моќта на американскиот претседател

04/04/2025

AA

Царините на Доналд Трамп за Европската Унија(ЕУ) ги зближија демократите и републиканците, кои сакаат да ја ограничат моќта на американскиот претседател. 

Во Сенатот на американскиот Конгрес е претставен закон со кој значително ќе се ограничи моќта на американскиот претседател да влијае на економската политика на оваа земја, а предлагачи се Марија Кантвел од Демократската партија и Чак Грасли од Републиканската партија.

Грасли и Кантвел се собраа за да воведат закон според кој американскиот претседател треба да дојде во Конгресот најмалку 60 дена пред воведувањето на тарифите и да објасни зошто се одлучил на тој потег.

Дополнително, американскиот претседател ќе треба да им претстави на членовите на двата дома на Конгресот анализа за тоа како овие тарифи ќе влијаат на потрошувачите и компаниите во САД.

После тоа, Конгресот би имал 60 дена да гласа за овие тарифи, а во случај да не ги одобри, американскиот претседател нема да има право да ги спроведе.

Овој закон наскоро ќе се најде во собраниска процедура на американскиот Конгрес, а особено е важно да се истакне дека предлогот е усвоен по царините на Трамп, кои според многу економски аналитичари можат да доведат до економски колапс во Америка, но и во остатокот од светот.

Трамп ги воведе тарифите користејќи ги „посебните права“ што ги има американскиот претседател, откако прогласи „криза“ и „вонредна состојба“ во економијата.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека царините за ЕУ што денеска ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се грешка, но дека, како што наведе, тие не се катастрофални.

Мелони за италијанската државна телевизија РАИ изјави дека влијанието на американските царини не треба да се прецени и дека одговорот на нив треба внимателно да се разгледа, пренесоа британските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy