
ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Илјадници работни места во Италија може да згаснат
Италијанската Парламентарна буџетска канцеларија денеска објави дека околу 68.000 работни места во Италија може да бидат укинати поради американските царини.
Најпогодени сектори би биле фармацијата, рударството, автомобилската индустрија, хемиските производи, металуршките дејности и производството на машини.
Според плановите на американскиот претседател Доналд Трамп, Италија, која има голем трговски суфицит со САД, ќе подлежи на сеопфатна царина од 20 отсто, заедно со другите земји од Европската унија.
Како што пишува италијанската новинска агенција АНСА, канцеларијата предупреди дека целата италијанска економија може да се соочи со негативни последици поради овие трговски мерки.

