Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОПУЛАРНИ ГРЧКИ И ТУРСКИ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ЌЕ БИДАТ ЗАФАТЕНИ ОД ТОПЛОТЕН БРАН – температури и до 45 степени
Регион

ПОПУЛАРНИ ГРЧКИ И ТУРСКИ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ЌЕ БИДАТ ЗАФАТЕНИ ОД ТОПЛОТЕН БРАН – температури и до 45 степени

11/06/2024

AA

Маси топол воздух над северна Африка и централниот дел на Медитеранот се пробиваат кон исток, па од вторник до петок во Грција и Турција ќе предизвикаат пораст на температурите до 45 Целзиусови степени на некои места, пренесува во вторник ДПА.

Највисоки температури се очекуваат во среда и четврток, а за време на викендот треба да се намалат, прогнозира грчката метеоролошка служба.

Од вторник, училиштата во делови од земјата или ќе се затворат во 11.30 часот или ќе останат целосно затворени доколку локалните општини одлучат дека топлината е премногу висока.

За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде персоналот дели бесплатна вода.

На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат интензивно вежбање на отворено.

Многу градови и општини во Грција отвораат јавни, климатизирани згради каде што може да побараат засолниште бездомниците, сиромашните и луѓето кои немаат клима уред дома.

Турската метеоролошка служба предупреди и на топлотен бран, кој особено ќе го зафати западниот дел на земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 степени Целзиусови.

Се препорачува да се избегнува престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, особено за постарите, децата и хронично болните пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

24/07/2026
Македонија

ФОТО Непозната материја од Лепенец се влева во Вардар, инспектори

24/07/2026
Македонија

Водата во Преглово и Пласница е неисправна за пиење –

24/07/2026
Македонија

„Ќерка ти е повредена“ – измамници од Македонија ѝ зеле

24/07/2026
Македонија

Среде лето заснежи на Попова Шапка – температурите паднаа под

24/07/2026
Македонија

Црвениот крст со масовна акција во Гостивар: Вода, пробиотици и

24/07/2026
Македонија

Граѓаните сè повеќе штедат, но и понатаму активно се задолжуваат

24/07/2026
Македонија

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службена должност, оштетен

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44631
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот во 1963 година

24/07/2026

Возењето ќе се реализира со панорамски автобус, а граѓаните ќе бидат придружувани од професионален водич од Македонската асоцијација на туристички

ФОТО Непозната материја од Лепенец се влева во Вардар, инспектори итно на терен

24/07/2026

Градот Скопје реагираше по пријава за појава на непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, информира градоначалникот

Водата во Преглово и Пласница е неисправна за пиење – пронајдени се цревни бактерии

24/07/2026

Водата од водоводната мрежа во населените места Преглово и Пласница е здравствено неисправна и не смее да се користи за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy