
Популарен чипс се повлекува, содржел неозначена состојка која може да предизвика алергија
Доритос повлекува еден од своите популарни производи откако беше откриено дека содржи неозначена состојка која може да предизвика алергиски реакции, објавија странските медиуми.
Агенцијата за стандарди за храна (FSA) соопшти дека Доритос го повлекува вкусот на „кисело сирење“ бидејќи сојата не е наведена на списокот со состојки. Тортиљите по грешка биле спакувани со Doritos Chilli Heatwave, кој содржи соја, пишува Mondo.
Известувањето за повлекување се однесува на киселото сирење Doritos 180 g продадено во Tesco и пет пакување Doritos Sour Cheese 30g од Poundland, не е познато дали повлекувањето ќе влијае и на нашиот пазар.

